Спианата Пиканте од Cav. Umberto Boschi, типичен производ за јужна Италија, препознатлив по карактеристичната рамна форма. Изработена од селектирано посно месо, со пикантен вкус кој ја прави идеална состојка за пица. Вакуумски пакувана.
Спианата Пиканте е салама карактеристична за јужна Италија, особено за Калабрија, препознатлива по рамната, „сплескана” форма добиена со притискање за време на зреењето. Се полни во природно свинско црево со ситно мелено посно месо и парчиња сланина, зачинети со лути пиперки и лук, а потоа се суши околу 2 месеци.
Основана во 1922 година во Ланѓирано, Boschi е еден од најценетите италијански производители на суви месни производи, со традиција пренесена низ генерации.
Состојки: свинско месо, свинска сланина, сол, лути пиперки, лук, зачини. Полнење: природно свинско црево. Просечни нутритивни вредности на 100 г: 381 kcal, 31,3 г масти, 1,4 г јаглехидрати, 23,4 г протеини. Зреење: околу 60 дена. Пакување: вакуумски пакувано, во проѕирна пластична обвивка. Нето тежина: околу 2,6 кг.
Одлична како топинг за пица, тенко сечена на мезе даска, или во сендвичи.
Чувајте на ладно место. Рок на траење: до 105 дена.
Product Specifications
Две продавници во Скопје, отворени секој работен ден. Дојдете лично или нарачајте со достава.
Поврзете се со Bottega del Gusto